Header Include

Macedonian translation - a group of Macedonian scholars

Translated and reviewed by a group of Macedonian scholars

QR Code https://quran.islamcontent.com/mk/macedonian_group

وَٱلۡمُرۡسَلَٰتِ عُرۡفٗا

1. Се колнам во оние (мелеци) коишто еден по друг се праќаат,

1. Се колнам во оние (мелеци) коишто еден по друг се праќаат,

فَٱلۡعَٰصِفَٰتِ عَصۡفٗا

2. па како виор итаат,

2. па како виор итаат,

وَٱلنَّٰشِرَٰتِ نَشۡرٗا

3. и во оние кои објавуваат,

3. и во оние кои објавуваат,

فَٱلۡفَٰرِقَٰتِ فَرۡقٗا

4. па раздвојуваат

4. па раздвојуваат

فَٱلۡمُلۡقِيَٰتِ ذِكۡرًا

5. и Објавата ја доставуваат,

5. и Објавата ја доставуваат,

عُذۡرًا أَوۡ نُذۡرًا

6. оправдување или опомена –

6. оправдување или опомена –

إِنَّمَا تُوعَدُونَ لَوَٰقِعٞ

7. сигурно ќе биде тоа со што ви се заканува![255]

[255] Судниот ден.
7. сигурно ќе биде тоа со што ви се заканува![255]

فَإِذَا ٱلنُّجُومُ طُمِسَتۡ

8. Кога ѕвездите сјајот ќе го изгубат

8. Кога ѕвездите сјајот ќе го изгубат

وَإِذَا ٱلسَّمَآءُ فُرِجَتۡ

9. и кога небото ќе се отвори

9. и кога небото ќе се отвори

وَإِذَا ٱلۡجِبَالُ نُسِفَتۡ

10. и кога планините во прав ќе се здробат,

10. и кога планините во прав ќе се здробат,

وَإِذَا ٱلرُّسُلُ أُقِّتَتۡ

11. и кога пратениците во одредено време ќе се зберат.

11. и кога пратениците во одредено време ќе се зберат.

لِأَيِّ يَوۡمٍ أُجِّلَتۡ

12. „До кој ден е одложено тоа?“

12. „До кој ден е одложено тоа?“

لِيَوۡمِ ٱلۡفَصۡلِ

13. „До Судниот ден!“

13. „До Судниот ден!“

وَمَآ أَدۡرَىٰكَ مَا يَوۡمُ ٱلۡفَصۡلِ

14. А знаеш ли ти што е Судниот ден? –

14. А знаеш ли ти што е Судниот ден? –

وَيۡلٞ يَوۡمَئِذٖ لِّلۡمُكَذِّبِينَ

15. Тешко им тој Ден на тие што негираа!

15. Тешко им тој Ден на тие што негираа!

أَلَمۡ نُهۡلِكِ ٱلۡأَوَّلِينَ

16. Зарем Ние не ги уништивме древните народи

16. Зарем Ние не ги уништивме древните народи

ثُمَّ نُتۡبِعُهُمُ ٱلۡأٓخِرِينَ

17. и по нив и оние коишто по нив доаѓаа?!

17. и по нив и оние коишто по нив доаѓаа?!

كَذَٰلِكَ نَفۡعَلُ بِٱلۡمُجۡرِمِينَ

18. Исто така ќе постапуваме со сите грешници!

18. Исто така ќе постапуваме со сите грешници!

وَيۡلٞ يَوۡمَئِذٖ لِّلۡمُكَذِّبِينَ

19. Тешко им тој Ден на тие што негираа!

19. Тешко им тој Ден на тие што негираа!

أَلَمۡ نَخۡلُقكُّم مِّن مَّآءٖ مَّهِينٖ

20. Зарем од незначителна течност не ве создаваме,

20. Зарем од незначителна течност не ве создаваме,

فَجَعَلۡنَٰهُ فِي قَرَارٖ مَّكِينٍ

21. која на сигурно место ја ставаме

21. која на сигурно место ја ставаме

إِلَىٰ قَدَرٖ مَّعۡلُومٖ

22. до рокот одреден?!

22. до рокот одреден?!

فَقَدَرۡنَا فَنِعۡمَ ٱلۡقَٰدِرُونَ

23. Таква е Нашата моќ; а како ли сме Ние само моќни!

23. Таква е Нашата моќ; а како ли сме Ние само моќни!

وَيۡلٞ يَوۡمَئِذٖ لِّلۡمُكَذِّبِينَ

24. Тешко им тој Ден на тие што негираа!

24. Тешко им тој Ден на тие што негираа!

أَلَمۡ نَجۡعَلِ ٱلۡأَرۡضَ كِفَاتًا

25. Зарем не ја направивме Ние Земјата собиралиште

25. Зарем не ја направивме Ние Земјата собиралиште

أَحۡيَآءٗ وَأَمۡوَٰتٗا

26. на живите и мртвите

26. на живите и мртвите

وَجَعَلۡنَا فِيهَا رَوَٰسِيَ شَٰمِخَٰتٖ وَأَسۡقَيۡنَٰكُم مَّآءٗ فُرَاتٗا

27. и на неа неподвижни високи планини поставивме, и зарем не ви даваме Ние слатка вода да пиете?

27. и на неа неподвижни високи планини поставивме, и зарем не ви даваме Ние слатка вода да пиете?

وَيۡلٞ يَوۡمَئِذٖ لِّلۡمُكَذِّبِينَ

28. Тешко им тој Ден на тие што негираа!

28. Тешко им тој Ден на тие што негираа!

ٱنطَلِقُوٓاْ إِلَىٰ مَا كُنتُم بِهِۦ تُكَذِّبُونَ

29. Одете кон тоа што за невистина го сметавте,

29. Одете кон тоа што за невистина го сметавте,

ٱنطَلِقُوٓاْ إِلَىٰ ظِلّٖ ذِي ثَلَٰثِ شُعَبٖ

30. одете кон чадот во три пламена раздвоен,

30. одете кон чадот во три пламена раздвоен,

لَّا ظَلِيلٖ وَلَا يُغۡنِي مِنَ ٱللَّهَبِ

31. кој ладовина нема да дава и кој од пламенот нема да заштитува.

31. кој ладовина нема да дава и кој од пламенот нема да заштитува.

إِنَّهَا تَرۡمِي بِشَرَرٖ كَٱلۡقَصۡرِ

32. Тој како од кули ќе фрла искри,

32. Тој како од кули ќе фрла искри,

كَأَنَّهُۥ جِمَٰلَتٞ صُفۡرٞ

33. како да се камили жолти.

33. како да се камили жолти.

وَيۡلٞ يَوۡمَئِذٖ لِّلۡمُكَذِّبِينَ

34. Тешко им тој Ден на тие што негираа!

34. Тешко им тој Ден на тие што негираа!

هَٰذَا يَوۡمُ لَا يَنطِقُونَ

35. Ова е Денот во којшто тие нема ни да прозборат

35. Ова е Денот во којшто тие нема ни да прозборат

وَلَا يُؤۡذَنُ لَهُمۡ فَيَعۡتَذِرُونَ

36. и правдањето нема да им биде дозволено.

36. и правдањето нема да им биде дозволено.

وَيۡلٞ يَوۡمَئِذٖ لِّلۡمُكَذِّبِينَ

37. Тешко им тој Ден на тие што негираа!

37. Тешко им тој Ден на тие што негираа!

هَٰذَا يَوۡمُ ٱلۡفَصۡلِۖ جَمَعۡنَٰكُمۡ وَٱلۡأَوَّلِينَ

38. Ова е Судниот ден, и вас и народите древни ќе ги збереме,

38. Ова е Судниот ден, и вас и народите древни ќе ги збереме,

فَإِن كَانَ لَكُمۡ كَيۡدٞ فَكِيدُونِ

39. па ако знаете со некое лукавство да се послужите, обидете се против Мене!

39. па ако знаете со некое лукавство да се послужите, обидете се против Мене!

وَيۡلٞ يَوۡمَئِذٖ لِّلۡمُكَذِّبِينَ

40. Тешко им тој Ден на тие што негираа!

40. Тешко им тој Ден на тие што негираа!

إِنَّ ٱلۡمُتَّقِينَ فِي ظِلَٰلٖ وَعُيُونٖ

41. Богобојазливите ќе бидат меѓу изворите, и под сенките

41. Богобојазливите ќе бидат меѓу изворите, и под сенките

وَفَوَٰكِهَ مِمَّا يَشۡتَهُونَ

42. и меѓу овошјето кое ќе го сакаат.

42. и меѓу овошјето кое ќе го сакаат.

كُلُواْ وَٱشۡرَبُواْ هَنِيٓـَٔۢا بِمَا كُنتُمۡ تَعۡمَلُونَ

43. „Јадете и пијте, нека ви е пријатно, за тоа што го правевте.“

43. „Јадете и пијте, нека ви е пријатно, за тоа што го правевте.“

إِنَّا كَذَٰلِكَ نَجۡزِي ٱلۡمُحۡسِنِينَ

44. Така Ние ќе ги наградиме оние коишто прават добри дела.

44. Така Ние ќе ги наградиме оние коишто прават добри дела.

وَيۡلٞ يَوۡمَئِذٖ لِّلۡمُكَذِّبِينَ

45. Тешко им тој Ден на тие што негираа!

45. Тешко им тој Ден на тие што негираа!

كُلُواْ وَتَمَتَّعُواْ قَلِيلًا إِنَّكُم مُّجۡرِمُونَ

46. „Јадете и насладувајте се, но за кратко! – вие навистина сте грешници!“

46. „Јадете и насладувајте се, но за кратко! – вие навистина сте грешници!“

وَيۡلٞ يَوۡمَئِذٖ لِّلۡمُكَذِّبِينَ

47. Тешко им тој Ден на тие што негираа!

47. Тешко им тој Ден на тие што негираа!

وَإِذَا قِيلَ لَهُمُ ٱرۡكَعُواْ لَا يَرۡكَعُونَ

48. А кога им се велеше: „Бидете понизни кон Аллах!“ – тие не сакаа да бидат понизни.

48. А кога им се велеше: „Бидете понизни кон Аллах!“ – тие не сакаа да бидат понизни.

وَيۡلٞ يَوۡمَئِذٖ لِّلۡمُكَذِّبِينَ

49. Тешко им тој Ден на тие што негираа!

49. Тешко им тој Ден на тие што негираа!

فَبِأَيِّ حَدِيثِۭ بَعۡدَهُۥ يُؤۡمِنُونَ

50. Па во кој говор ќе веруваат, ако не во Куранот?!

50. Па во кој говор ќе веруваат, ако не во Куранот?!
Footer Include